fbpx

Груевски и ВМРО-ДПМНЕ нема да се спасат од одговорност за изборните измами

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Во избирачкиот список има точно 330.588 сомнителни гласачи. Изборниот криминал на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ е целосно потврден.

Срамната одлука на Уставниот суд е уште едно признание за изборниот грабеж и потврда дека Никола Груевски се плаши од соочување со одговорноста за криминалот.

Груевски и ВМРО-ДПМНЕ нема да се спасат од одговорност за изборните измами и криминалот во изминатите 10 години.

Ниту партиските послушници во Уставниот суд нема да го спасат Никола Груевски од одговорност.

Јавноста веќе е запознаена за партиската поврзаност на Елена Гошева, Јован Јосифовски и Никола Ивановски со ВМРО-ДПМНЕ.

За братот на судијата Ивановски е поднесена кривична пријава пред три години, а се уште не се знае ништо за неа.

Ќерката на претседателката на Уставниот суд, Елена Гошева, Слободанка е директорка за регулатива и големопродажба во Телеком, каде што главен извршен директор е кумашинот на Сашо Мијалков, Жарко Луковски.

Слободанка Гиевска односно Гошева била потпретседателка на подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ, УМС.

Сопругот на Слободанка е Игор Гиевски, поранешен претседател на УМС на ВМРО- ДПМНЕ, сега член на Управниот одбор на ЕВН, именуван од владата.

Нејзиниот татко, односно сопругот на Елена Гошевска, Ѓорѓи Гошев, бил поранешен директор на Студентскиот центар, назначен од ВМРО-ДПМНЕ.

Другата ќерка на Елена Гошева, Бојана Гошева, работи во Агенција за електронски комуникации.

Јован Јосифовски и неговото семејство се исто така тесно поврзани со ВМРО-ДПМНЕ.

Од 2006-та до 2011 година Јосифовски бил претседател а и член на Државната изборна комисија предложен од ВМРО-ДПМНЕ. Како член на ДИК, Јосифовски учествувал во избори што се предмет на кривично-правна истрага за изборни нерегуларности.

За Уставен судија, Јосифовски е предложен од Илија Димовски, односно од ВМРО-ДПМНЕ и во отсуство на пратениците од опозицијата е избран во 2012 година.

Дополнително, синот на судијата Јован Јосифовски, Борис, е генерален секретар во Кабинетот на Ѓорѓе Иванов, од ВМРО-ДПМНЕ.

Таа срамна одлука на Уставниот суд не може и нема да го заштити Никола Груевски и неговите соработници од одговорноста за изборниот криминал.

Скопје, 22.03.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести