Соопштение за јавност
“Не можам да ги гледам луѓето повеќе во сиромаштија, бидејќи е жално, посебно овде во Радовиш“. Ова го изговори млад човек, низ очај.
Тој присуствуваше на разговорот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од претседателот на СДММ, Стефан Богоев денеска, со младите во овој град.
На отворено, претседателот на СДСМ, Зоран Заев отворено разговараше со младите луѓе кои прашуваа, сугерираа, даваа поддршка за промените што ги чувствуваат.
Друг млад човек рече дека во странство бил успешен дизајнер градинар, но дека тука не може да си обезбеди егзистенцијата.
Еден млад родител се пожали дека со сопругата имаат едно дете, и двајцата се невработени и не можат да дојдат до никаква помош од државата. Прашува дали е тоа праведно.
Дел од присутните млади се интересираа за шансите за фер и демократски избори, посебно поради бројните фантомски гласачи во Избирачкиот список, но и медиумските реформи. Препознаваат, велат ВМРО-ДПМНЕ сака договор или намерно опструира. Некои прашуваа за иднината на Република Македонија во Европската Унија и НАТО.
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев одговори какви мерки и политики предвидува СДСМ за поставените прашања.
Објасни за директното зголемување на вкупниот доход во секое семејство, што треба да се случи со повратот на ДДВ кон секој граѓанин. Дека се предвидени помали даноци за сиромашните, а поголеми за богатите, како дел од мерките за еднаквост и правичност.
Најави дека СДСМ ќе воведе праведни социјални политики што ќе обезбедат солидарно општество во коешто секој ќе може да живее пристојно.
Претседателот Заев објасни дека Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не сакаат реформи во медиумите бидејќи се плашат од вистината што ја кријат медиумите корумпирани со милиони евра пари на граѓаните.
-Борбата е за советите на Агенцијата за медиуми и на МРТВ. Тие сакаат да останат партизирани, ние бараме да членуваат експерти кои ќе укажуваат на дневна основа кога телевизиите не известуваат објективно. Но само со медиумски реформи и чист Избирачки список се можни избори во Македонија, одговори претседателот Заев.
Тој за иднината на државата рече дека Македонија нема алтернатива за ЕУ и НАТО.
-Евро-атлантската интеграција ќе ја обезбеди стабилноста на Македонија на долг рок, тоа е за нас затворено прашање, гледаме кон економијата, одлучно соопшти претседателот Заев.
На почетокот свои обраќања имаа и претседателот на СДСМ и претседателот на СДММ.
-Кој би останал да живее овде, со младинска невработеност над 50 проценти, со хорор услови во студентските домови? Ние ќе останеме да живееме тука, но во нормална, слободна, демократска европска Република Македонија, порача претседателот на СДММ, Стефан Богоев.
Претседателот на СДСМ им се заблагодари на младите за нивната храброст и посветеност кон промените.
Тие во своите дискусии несебично говореа за катастрофалните услови за живот во Македонија, бидејќи знаат дека од нив зависи нивната иднина во својата родена земја.
Ова само покажа колку се созреани условите за промени во државата.
-Денеска вистински патриот е тој кој ќе обезбеди работни места за младите и ние сме фокусирани на тоа, да си ги задржиме младите дома, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев во разговорот со младите во Радовиш.