fbpx

Груевски призна дека ги крадел изборите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Срамната одлука на Уставниот суд е директно признание на изборниот грабеж и длабоката поврзаност со криминалот и корупцијата на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

Одлуката на Уставниот суд е уште еден чекор којшто ја оддалечува Македонија од ЕУ и претставува навреда за сите граѓани во Република Македонија.

Срамната одлука на Уставниот суд не е ништо друго освен класична злоупотреба на партиските инсталации во судството, со надеж дека Груевски ќе се спаси од одговорноста, дека ќе ја спаси сопствената кожа.

На Никола Груевски и злосторничкото здружение треба да им биде јасно дека ништо не може да ги спаси од одговорност за сторениот криминал.

Секој којшто го прекршил законот ќе одговара!

 

Скопје, 17.03.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести