Филипче: Им нацртавме како може, владата да скрати од луксузот и ете пари за поголеми плати

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Поднесовме Закон, дадовме комплет решение, им нацртавме, Владата да скрати од луксузот и ете пари за поголеми плати, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во гостувањето во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.

Филипче посочи дека постојат конкретни и реални механизми преку кои владата, ако сака, може да обезбеди средства за зголемување на платите, без да се креира дополнителен буџетски дефицит.

„Ние кажавме од каде може да се скратат парите. Еве ги ставките во буџетот. Јасно пишува: категорија 42 и 46 од буџетот. Категорија 42 се патни и дневни расходи, договорни услуги, репрезентации, ручеци, нови коли и мебел. Тоа се 27,5 милијарди денари. Дали тоа ќе биде со 20-30% кратење на ручеци, нови коли, мебел и репрезентација, договорени услуги. Имаме пакет предлог. Од 90 до 130 милиони евра ќе се заштеди. Од друга ставка, 46, категорија. Опремување на кабинети на нови министерства и вработување. Кој што чини 22 милијарди денари.“, рече Филипче.

Тој нагласи дека само со 20% скратување во буџетот од овие две категории може да се дојде до значителни средства.

„Во буџетот, да се скратат само 20%, ќе се стигне до сума од 75 милиони евра. Значи 130 милиони евра, плус 75, е сосем доволен пакет финансиски со којшто ќе се стигне до потребната сума пари, минималната плата да биде 600 евра, и со дополнително кратење, но уште помалку од овие проценти сега може да се стигне до сума со којашто ќе се субвенционираат придонесите на приватните компании за да луѓето само ги зголемат платите, а не плаќаат дополнителни придонеси.“, посочи Филипче.

Филипче потсети дека во 2024 година бил предложен закон за 500 евра минимална плата, но дека тој ДПМНЕ не го прифати.

„Ние имавме предлог закон во 2024 година, на крајот, за 500 евра минимална плата, не го прифатија. Еве сега ова повторно ќе го одбијат. Не го ставија на собраниската седница. Сега им нацртавме како може да се зголемат платите, нека скратат од луксузот„, рече Филипче.

Линк до видео 1:

Линк до видео 2: