Филипче: Има пари за 600 евра минимална плата ако се скратат луксузите на Владата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Објективни и оправдани се барањата на синдикатите за 600 евра минимална плата, а пари во буџетот има ако се скратат луксузите на владата, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во вечерашната емисија „Само интервју“ на телевизија Канал 5. Филипче посочи дека зголемувањето на минималната плата е тема која што засега многу семејства кои во услови на растечки цени, не можат да врзат крај со крај во месецот.

„Објективни се барањата, реална е потребата на луѓето, не може врзат крај со крај. Колку пораснаа трошоците за живот, колку пораснаа потрошувачката кошничка на основните прехранбени продукти, синдикалната кошничка е 66 до 67.000 денари. Ниту две минимални плати не може да ја покријат потрошувачката кошница“, рече Филипче.

Во интервјуто Филипче посочи дека владата треба да ги прати потребите на граѓаните, соодветно да реагира и да си скрати од луксузот.

„Треба да се пратат потребите на граѓаните, а сега имаат реална и вистинска потреба. Нив треба да им се излезе во пресрет, треба да скрати владата од луксузот еве им го нацртавме планот кај треба и што треба да направат, дека треба да скратат кај ставките за возила и репрезентација и нека ја зголемат минималната плата“, рече Филипче.

Тој додаде дека пари во буџетот има, а СДСМ веќе даде предлог во кои ставки може да се скрати од 20 до 30% и да се обезбеди доволен финансиски пакет за 600 евра минимална плата.

Филипче посочи дека со предлогот на СДСМ од буџетот може да се обезбедат и пари за субвенционирање на придонесите на приватните компании, за да можат да ги зголемат платите, а притоа да не ја нарушат ликвидноста.

Воедно, Филипче во интервјуто потсети дека во време на владата на СДСМ и во најголемите кризи, ковид кризата и енергетската криза, платите и социјалната помош континуирано растеа.

„Во првите две години на влaдата на СДСМ социјалната помош се зголеми 300% од 3.000 на 11.500 денари , минималната плата од 8.000 на 14.000 денари, 60 до 70 % во првите две години. Еве две години од оваа власт се поминати, што зголемија од платите? Оваа тема како ниту една друга на виделина ја носи конзистентноста на нашите политики и лицемерието на моменталната влада“, рече Филипче.

Линк до видео 1:

Линк до видео 2: