fbpx

Заев: За кредибилни избори неопходни се чист Избирачки список и медиумски реформи

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од заменик претседателката Радмила Шекеринска претпладнето се сретна со британскиот државен министер за Европа, Дејвид Лидингтон, придружуван од заменик раководителот на секторот за западен Балкан во МНР на Велика Британија Питер Беинбриџ, секретарот на министерот, Ричард Јеитс и амбасадорот на Велика Британија во Р.Македонија Чарлс Гарет.

Тема беше актуелната политичка ситуација во земјава и потребата од исполнување на клучните услови за фер и регуларни избори.

-Мора да има чист и доверлив Избирачки список и медиумски реформи, за да има кредибилни избори, од коишто зависи стабилноста на државата, соопшти претседателот Заев.

На состанокот се разговараше за причините поради коишто се доцни со овие два клучни услова за да може да бидат организирани и спроведени фер и демократски избори и за потребата прашања да бидат решени квалитетно и ефикасно.

На средбата е констатирано дека враќањето на демократските институции и процеси во Македонија е важен услов за враќањето на Македонија на евро-атлантскиот пат.

-Демократските институции во Македонија можат да се вратат само преку слободни, фер и демократски избори, на коишто ќе биде избрана Влада со полн легитимитет, рече претседателот Заев.

Тој објасни дел од Програмата на СДСМ во чијшто фокус се потребите на граѓаните, работни места преку реален економски развој, добар судски систем што ќе гарантира неселективна правда за граѓаните и инвеститорите и институции што ќе ја вратат довербата на граѓаните во државниот систем.

 

Скопје, 16.03.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

Последни вести