fbpx

Манчевски од Гостивар: Со иницијативата до Уставен суд, Груевски призна дека ги краделе изборите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски денеска беше помеѓу граѓаните на Гостивар.

Гостиварчани се пожалија на беспарицата, ниските примања наспроти постојаното поскапување, невработеноста, сиромаштијата, иселувањето на младите.

Се разговараше и за актуелната политичка ситуација во Македонија. Граѓаните се обединети околу ставот дека законите мора да важат за сите подеднакво и дека не смее да се дозволи амнестирање на криминалци.

-Груевски и неговата банда признаа дека ги краделе изборите. Со иницијативата што е поднесена до Уставниот суд, претседателот на државата да аболицира лица коишто правеле изборни измами, само го потврдија тоа. Македонија претседател на државата нема, има човек кој ја злоупотребува таа функција кога на Никола Груевски му е потребно. Затоа утре, на протест ќе им порачаме на судиите да го почитуваат Уставот на Република Македонија, рече Манчевски.

Манчевски во Гостивар оствари средба и со пензионерите. Тие се интересираа за мерките од Програмата на СДСМ што ќе овозможат достоинствен живот за граѓаните.

-Со спроведување на мерките во програмата на СДСМ ќе се овозможи отворање нови работни места за младите. Една од мерките е преку бизнис инкубатори во сите регион, државата да обезбеди неповратни 10 илјади евра за отворање на сопствен бизнис. Така младите ќе имаат работа дома и ќе останат во својата држава. За пензионерите, ќе овозможиме законско усогласување на пензиите со трошоците за живот. Социјалната помош ќе ја зголемиме на 12 илјади денари. Се бориме за слобода, демократија и достоинствени услови за живот, рече Манчевски.

Манчевски во Гостивар беше придружуван од Дејан Павлески, претседател на Комисијата за локална самоуправа на СДСМ.

 

 

 

 

Последни вести