fbpx

Груевски нема да ја смири совеста за политиките на смрт што ги спроведуваат

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Никола Груевски нема да ја смири совеста за политиките на смрт во здравството што ги спроведува неговата 10-годишна расипничка власт.

По 10 години, откако не е ни премиер, Груевски се сети дека ништо што ветил на пациентите и лекарите не исполнил.

Да имаше образ Груевски ќе се срамеше да ја спомене болницата во Штип што ја ветува пред секои избори. Од 2011 за 2013, па за 2014, па за 2015, денес е 2016 – нова Клиничка болница во Штип нема.

Над 1.600 пациенти болни од рак не само од Штип, туку и од целиот источен регион, се приморани секојдневно да патуваат за зрачна терапија на Клиниката за онкологија во Скопје. Нема тумор маркери за гради, матка и дебело црево. За појадок пациентите добиваат салама и леб, а дежурните хирурзи виршли со јајце, додека власта на Груевски потроши половина милион евра народни пари за реклами за здрава храна.

Во битолската болница којашто тоне во долгови нема основни репроматеријали, поради што пациентите со години се препраќаат во Скопје.

Нема реагенси ни во прилепската болница. Не е во функција мамографот набавен лани поради што пацентите се приморани да прават испитувања во Скопје. Нема гинеколози, поради што доагаат лекари од Битола.

За кои реконструкции во здравството денеска очајно зборуваше Груевски?

Можеби за оваа крш амбуланта во Ранковце што се гледа на фотографијата, додека тој лаже дека била подобра од таа во Крива Паланка, во што му помагаат корумпираните медиуми?

Или за крш Медицискиот дом во Лисиче, каде пациентите не можат да се лечат, бидејки нема медицинска опрема, можат да фатат и некоја зараза од нехигиенските услови?

Фрапирачкото писмо во коешто се препорачува клиничките конзилиуми да не даваат предлози за упатување во странство за да проработел Спиналниот центар, чија жртва е малата Тамара, е огледало на расипнички политики на власта на Груевски.

Недостигот на цитостатици на позитивната листа на Онкологија и нелогичните процедури да се дојде до дијагноза, чија жртва се илјадници болни од рак, се огледало на расипнички политики на Тодоров и Груевски.

Недостогот на лекови на Кардиологија и заканите да не се дознае веста, чија жртва се стотоци пациенти со оперирано срце, се огледало на расипнички политики на Тодоров и Груевски.

Можеби Груевски не сака да се види, но го видоа граѓаните, а го виде и Светска банка којашто констатираше дека трошоците во здравството се неефикасни, пациентите плаќаат од свој џеб, додека долговите на болниците растат.

Ниедна најава на Никола Груевски и Никола Тодоров повеќе не поминува.

Граѓаните ќе ги казнат Груевски и неговите кадри кои ги загрозија нивните животи и ќе изберат одговорна Влада што ќе се грижи за нив.

Еден од приоритетите во Програмата на СДСМ е квалитетно јавно здравство и превентива и лекување по најсовремени стандарди.

 

Последни вести