fbpx

Судиите Гошева и Јосифовски се партиски поврзани со ВМРО-ДПМНЕ и треба да поднесат оставки

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

И покрај секојдневните реакции на јавноста, граѓаните, експертите, професорите по уставно право, партиските послушници на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ во Уставниот суд продолжуваат да ги туркаат срамните, партиски диригирани одлуки.

Елена Гошева и Јован Јосифовски немаат морален, ниту правен кредибилитет да одлучуваат непристрасно и законски за изборните измами затоа тие треба да поднесат неотповикливи оставки на функциите. Тоа е најмалку што можат да го направат.

Ќерката на Елена Гошева, Слободанка е директорка за регулатива и големопродажба во Телеком, каде што главен извршен директор е Жарко Луковски, кумашин на Сашо Мијалков.

Слободанка Гиевска односно Гошева била потпретседателка на подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ, УМС.

Сопругот на Слободанка е Игор Гиевски, поранешен претседател на УМС на ВМРО- ДПМНЕ, сега член на Управниот одбор на ЕВН, именуван од владата.

Нејзиниот татко, односно сопругот на Елена Гошевска, Ѓорѓи Гошев, бил поранешен директор на Студентскиот центар, назначен од ВМРО-ДПМНЕ.

Другата ќерка на Елена Гошева, Бојана Гошева, работи во Агенција за електронски комуникации.

Но, овде не застануваат партиските инсталации на ВМРО-ДПМНЕ во Уставниот суд.

Јован Јосифовски и неговото семејство се исто така тесно поврзани со ВМРО-ДПМНЕ.

Од 2006-та до 2011 година Јосифовски бил претседател а и член на Државната изборна комисија предложен од ВМРО-ДПМНЕ. Како член на ДИК, Јосифовски учествувал во избори што се предмет на кривично-правна истрага за изборни нерегуларности.

За Уставен судија, Јосифовски е предложен од Илија Димовски, односно од ВМРО-ДПМНЕ и во отсуство на пратениците од опозицијата е избран во 2012 година.

Дополнително, синот на судијата Јован Јосифовски, Борис, е генерален секретар во Кабинетот на Ѓорѓе Иванов, од ВМРО-ДПМНЕ.

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ со години наназад го крадат правото на слободен избор на граѓаните, а во тоа најмногу му помагале луѓето коишто тој ги постави во орган којшто треба да ја штити уставноста и законитоста во државата, Уставниот суд.

Затоа, срамната одлука на Уставниот суд не може и нема да го заштити Никола Груевски и неговите соработници од изборниот криминал.

Секој што го прекршил законот ќе одговара.

Скопје, 14.03.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести