Сопругата на Орце Ѓорѓиевски со чанта од 30.000 долари?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Нема крај на луксузите на ВМРО-ОКГ.

Сопругата на градоначалникот на Скопје од ВМРО-ОКГ, Орце Ѓорѓиевски, вчера на партиска промоција се појави со брендирана чанта „Хермес“. Станува збор за еден од најекслкузивните и најскапи бренд чанти во светот.

Вакви чанти, Hermes mini Kelly 2 (20 cm) чинат од 28.000 до 33.000 долари.

Додека работниците едвај врзуваат крај со крај и мора да протестираат по улиците за поголеми, достоинствени плати, ВМРО-ОКГ парадира пред нивните очи.

Скопје се дави во ѓубре, автобуси нема, граѓаните со часови чекаат за превоз, се возат во распаднати и небезбедни автобуси.

Очигледно за ВМРО-ОКГ нов и поголем авион не оди со стари или евтини чанти.

Луксузирање со авиони врз грбот на народот оди со часовници од 60.000 евра и со чанти од 30.000 долари.

Што мислат граѓаните на Скопје за овој „луксузно-моден патриотизам”?

Што мислат работниците, земјоделците, граѓаните за оваа аздисаност?

Само нека не се вадат на тоа е фејк или поклон. Може да биде поклон само од Орце.

После толку криминални тендери поврзани со Пирамид билдинг и Ленди груп, нивните омилени фирми тоа е секако очекувано.