Соопштение за јавност
Претседателка на комисијата за труд и социјална политика на СДСМ, Мила Царовска, денеска се сретна со граѓаните на Петровец и околните населени места.
Се разговараше за тешкото секојдневие и потребата од промени за подобар, достоинствен живот на сите.
Царовска посети и неколку социјално загрозени семејства.
-Парите од социјалната помош ни ги укинаа, а пари земаат лица на коишто воопшто не им е потребна, но се блиски до власта на ВМРО-ДПМНЕ, рече еден од жителите.
-Јас сум примател на социјална помош, ама едвај преживувам со тие пари, не достигнуваат за ништо, велат дел од примателите на социјална помош.
Царовска рече дека граѓаните тешко живеат но дека реалноста се крие од јавноста преку медиумскиот мрак. Затоа се потребни реформи на медиуми, да се менуваат работите, додаде Царовска.
-Вашите проблеми не може да се видат на медиумите кадешто уредник е Никола Груевски. Со парите на граѓаните се плаќа медиумскиот мрак за вистината да се крие од јавноста и да се шират лаги. Се е поврзано. Потребни се слободни медиуми за вистината да допре до јавноста и работите да се менуваат, рече Царовска
Царовска презентираше дел од мерките во Програмата на СДСМ за извлекување од сиромаштија и обезбедување на достоинствен живот.
Таа рече дека по промените што ќе се случат на следните фер и демократски избори СДСМ ќе ги спроведе мерките од програмата за достоинствен живот на сите. Во делот на социјалната заштита мерките од програмата на СДСМ се подготвени токму со партиципација на социјално исклучените категории на граѓани и прилагодена со потребите на граѓаните.
-Социјална помош ќе примаат лица на коишто им е неопходна. Откако ќе ја преземе одговорноста што ќе и ја дадат граѓаните, СДСМ ќе ја зголеми социјалната парична помош. Детски додаток ќе им следува на семејствата коишто се во социјален ризик, рече Царовска.