Соопштение за јавност
Реформите во медиумите се една од клучните точки во договорот од Пржино и еден од главните услови за слободни, фер и демократски избори.
Неспроведените реформи за слободни медиуми, покрај прочистувањето на избирачкиот список, беше клучна причина за одложување на изборите на 24-ти април.
Барањето за укинување на Радиодифузната такса е мерка од програмата на СДСМ што е интерес на сите граѓани во Македонија.
Неправедно е граѓаните да плаќаат даноци за да го полнат буџетот и дополнително да плаќаат Радиодифузна такса за финансирање на партиско гласило во што е претворена МРТВ.
УЈП секоја година блокира десетици илјади граѓани и фирми поради радиодифузна такса. Тоа кај граѓаните и кај фирмите создава дополнителни проблеми, малтретирања, хаос со наплатата и нови трошоци.
Тоа е јасен показател дека е потребно итно укинување на Радиодифузната такса за граѓаните побрзо да бидат ослободени од трошоци и притисок, како и да се обезбеди одржливо финансирање на МРТВ од буџетот.
Во Македонија мора да има и ќе има слободни, фер и демократски избори со прочистен избирачки список и реформи во медиумите.
Скопје, 08.03.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА