fbpx

6 часа неделно пропаганда, уште една потврда за медиумскиот мрак

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Наместо објективно, избалансирано, навремено и вистинско информирање на граѓаните медиумите на Никола Груевски шират лаги и водат медиумска пропаганда во интерес на ВМРО-ДПМНЕ.

Не само што се ставија во одбрана на срамните одлуки на Уставниот суд за изборните измами, медиумите на Груевски се натпреваруваат кој повеќе ќе одработи за ВМРО-ДПМНЕ.

Податоците од мерењата, според мониторнг по идентична методологија утврдена од ОБСЕ/ОДИХР, покажуваат дека за период од една недела, од 01.03.2016 до 07.03.2016 на МРТВ, Сител, Канал 5, Алфа и НоваТв, се емитувале позитивни прилози за ВМРО-ДПМНЕ во времетраење од 6 часа и 8 минути.

Негативни прилози за ВМРО-ДПМНЕ нема: 0 часа, 0 минути и 0 секунди.

Ама затоа негативните прилози за СДСМ се во времетраење од 3 часа и 55 минути.

Наспроти 6 часа и 8 минути позитивни прилози за ВМРО-ДПМНЕ, за СДСМ позитивните прилози се во времетраење од едвај 57 минути.

Овие податоци се уште една потврда зошто е потребна слобода на медиумите и зошто е неопходна регулација на медиумскиот простор во интерес на граѓаните.

 

 

Последни вести