Соопштение за јавност
Претседателот на комисијата за животна средина на СДСМ, Пеце Мирчески, придружуван од претседателот на комисијата за транспорт и врски Благој Бочварски, денеска се помеѓу жителите од Видовиште и Мородвис, општина Зрновци.
На средбите се разговараше за проблемите од секојдневниот живот на граѓаните и актуелната политичка состојба.
Во малите општини како оваа ем не осиромашија ем не поделија на ваши и наши. Постојано сме цел на закани кога нема да се согласиме со погрешните владини политики и локални политики на ВМРО-ДПМНЕ. Потребни се промени – се пожалија граѓаните.
Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ и во минатото и сега создаваат раздор на политичка и етничка основа за да си ја спасат сопствената кожа. Но тоа веќе не им поминува. Граѓаните се свесни дека треба да создадеме едно сложно, толерантно општество. Затоа еден од 5-те столба во програмата на СДСМ е стабилна и единствена Македонија, едно општество за сите, истакна Мирчески.
Мирчески зборуваше и за актуелните случувања и периодот кој предстои.
-Продолжуваме да се бориме за фер и демократски избори. Впрочем, тоа е единственото решение за да одиме напред. По прочистувањето на избирачкиот список и реформите во медиумите одиме на победа и враќање на нашата заедничка Македонија на вистинскиот пат. Промените се случуваат и нема отстапување, нема враќање назад – констатираше Мирчески.