Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска присуствуваше на дебата заедно со младите од Битола.
Младите разговараа со претседателот Заев за проблемите и предизвиците со коишто се соочуваат, пред се за проблемите во образованието, лошите услови во студентските домови, невработеноста, како и најголемиот проблем, иселувањето на младите.
Претседателот Заев презентираше дел од мерките во Програмата на СДСМ коишто ќе овозможат современо образование на младите и ќе отворат можности за отворање нови работни места со достоинствени плати.
-Младите си заминуваат од своите огништа во потрага за подобар живот. Тоа е поразително и тажно. Тој тренд нема да дозволиме да продолжи. СДСМ има програма има решенија со коишто ќе им обезбедиме иднина на младите дома, рече Заев.
Претседателот Заев додаде дека СДСМ значително ќе ја зголеми поддршката за домашните фирми на 20-50 милиони евра годишно.
-Тоа ќе создаде услови да се отворат нови работни места но и да се обезбедат достоинствени плати. Нашата цел е просечната плата да достигне до 29 илјади денари, рече Заев.
-Преку бизнис инкубатори, ќе стимулираме отворање на сопствен бизнис со неповратни 10.000 евра. Не кредит, да заглавуваат луѓето, туку неповратни 10 илјади евра државна помош за сопствен бизнис. Така младите ќе ги охрабриме да отвораат бизниси, да напредуваат и да создаваат нови работни места. Сами да ја градат иднината дома, рече Заев.
Младите битолчани беа децидни, оваа власт им украде 10 години живот и мора да се промени.
– Претседателе, вие сте нашата единствена надеж. Само вие, со вашиот тим, можете да ја вратите Македонија на вистинскиот пат, рекоа младите.
-Можам да ви гарантирам дека заврши времето на Никола Груевски, доаѓа времето на промените. На следните фер, демократски и слободни избори, ќе победи СДСМ, ќе победат граѓаните, ќе победи европска Македонија. Тоа ќе биде победа за младите, за граѓаните, за сите нас, рече Заев пред младите во Битола.
Во дебатата учествуваше и претседателот на СДММ и пратеник, Стефан Богоев, а присуствуваше и потпретседателот на СДСМ, Александар Кирацовски како и пратениците Јулијана Силјановска и Васко Ковачевски.