fbpx

Велковски во Росоман: Ќе обезбедиме подобра иднина за секој граѓанин

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседавачот на Централниот одбор на СДСМ Диме Велковски заедно со Цветанка Ласкова, кординаторка на Форумот на жени на СДСМ, денеска беа помеѓу граѓаните на Росоман, Манастирец и Сирково.

Жителите на Росоман се пожалија на неконтролираниот ископ на песок што се случува во нивната општина, со што се уништуваат речното корито на Црна Река како и земјоделските земјишта долж реката.

-Некој се богати додека земјоделците трпат штети, се уништува земјиштето, велат тие.

Се поголемите трошоци, а се пониската откупна цена на земјоделските производи се дополнителен проблем со којшто се соочуваат.

-Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ го уништија земјоделството во Македонија. По промените СДСМ ќе се грижи за секој земјоделец. Ќе ги зголемиме субвенциите на 160 милиони евра и тие ќе завршуваат кај вистинските земјоделци, а ќе се доделуваат навремено, тогаш кога се најпотребни. Ќе обезбедиме подобра иднина за секој граѓанин, рече Велковски.

Велковски ја повтори позицијата на СДСМ дека без прочистен список и регулација на медиумите нема слободни, фер и демократски избори.

 

 

Последни вести