fbpx

Богоев во Македонска Каменица: Македонија се луѓето што живеат тука

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Денеска пратеникот и претседател на СДММ, Стефан Богоев заедно со членот на Извршниот одбор на СДСМ и претседател на Комисијата за одбрана, Максим Димитриевски беа помеѓу граѓаните на Македонска Каменица.

Завршив факултет со највисоки оценки, а за мене нема работа бидејќи не сум член на владејачката партија, рече еден од младите на средбата со претседателот на СДММ Богоев.

Македонија се соочува со најголемото иселување на младите, пред се образовани луѓе. Тоа најмногу се чувствува овде во Источна Македонија. Голем број наши другари поради трајна работа ја напуштија земјата. Тоа е резултат на невработеноста и криминалните политики на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, истакна Богоев.

Граѓаните се едногласни дека Груевски и фамилијата мора да ги вратат украдените пари, до денар.

На прошетката низ центарот на Македонска Каменица воочлива беше поддршката од граѓаните. Со вас сме, заедно да си ја спасиме државата, коментираа минувачите.

Македонија се луѓето кои живеат овде. СДСМ се обврзува да ги задржи младите во сопствената земја, тука да градат иднина. СДСМ има Програма која ќе ги реши на горливите проблеми со коишто се соочуваме, а сите ние сме најдобриот медиум за нејзина промоција, потенцираше Богоев.

Богоев и Димитриевски остварија средба и со жителите од селото Саса.

Немаме приклучок на струја, патиштата се уништени, немаме основни услови за живот, рече еден од жителите.

Нема веќе крпен живот и расипничко трошење на народните пари. Македонска Каменица буквално живее од рудникот Саса. СДСМ ветува дека повторно ќе се врати достоинството на рударите, истакна Богоев.

 

 

Последни вести