fbpx

Граѓаните од кои се исплаши Груевски ја спасија Универзална сала

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Граѓаните не му дозволуваат повеќе на Никола Груевски да ги користи неговите тендер политики на штета на културно-општетственото наследство во Македонија.

Груевски го сфати тоа во моментот кога битолчани му испорачаа одлучно НЕ за продажба на Офицерскиот дом во Битола од што се повлече.

Затоа Груевски и ВМРО-ДПМНЕ молчат по информацијата дека граѓаните не го даваат објектот на ПАРТИЗАН 4, што Никола Груевски и соработниците сакаат да го продадат за 1 милион евра.

И затоа Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се повлекоа од рушењето на Универзална сала во Скопје.

Груевски и неговите соработници Коце Трајановски и Елизабета Канчевска Милевска за непромислената идеја Јајце издвоија огромни 25 милиони денари пари на граѓаните, само за проектантска куќа за салата!

Сега сакаат да трошат нови пари од граѓаните.

Тој нов проект, нека го платат Груевски, Трајановски и Канчевска Милевска.

Тендерската власт за малку ќе го продадеше Офицерски дом – Битола, за 1 милион евра сакаат да го продадат објектот на граѓаните Партизан 4 што врзува генерации низ 30 годишното постоење, веројатно калкулираат и со провизиите од судбината на Универзална сала.

Граѓаните го испратија Груевски во историјата. Ќе ја испратат и неодговорната власт на ВМРО-ДПМНЕ.

Новата одговорна власт, што ќе ја добие честа да ја води СДСМ ќе направи деконтаминација, санација и нормализација на културниот систем од тешките последици од неодговорното владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

Со нови културни политики ќе ги поставиме институциите на културата врз принципите на доброто владеење и на одржлив развој.

Ќе го спречиме обезличувањето на наследството со културно-општествена вредност.

 

Скопје, 19.02.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести