fbpx

Младите не му веруваат на Груевски, јавноста очекува одговори за злосторничкото здружување

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Груевски шест дена молчи за неговата улога во злосторничкото здружување.

Злосторничко здружување на високи претставници на партијата на власт само за да задржат локална и централна власт е сериозно сомневање и затоа Груевски мора да се изјасни дали тоа е правено по негов налог?

Никола Груевски треба да му биде јасно дека со молчење и бегање нема да се спаси од одговорност.

После 10 години тотална негрижа за младите, апсурдни се најавите за наводни проекти за млади. Младите не му веруваат на Никола Груевски.

Најголемиот проект на Никола Груевски и фамилијата во овие 10 години е масовниот егзодус на младите од Македонија.

Груевски ќе биде запаметен во поновата македонска историја како лажниот патриот кој избрка 626.312 граѓани од Македонија, пред се млади, образовани луѓе.

Младите многу добро го знаат Никола Груевски и неговите проекти за време на неговото владеење.

Никола Груевски е човекот кој потроши 630 милиони евра, пари на граѓаните за споменции во Скопје, а не изгради ниту еден студентски дом во Македонија.

Никола Груевски е човекот кој потроши 20 милиони евра за медиумска пропаганда а не направи ништо за да се справи со рекордната младинска невработеност во Македонија. Напротив, Груевски и фамилијата со криминалниот начин на владеење ја создадоа ваквата состојба во Македонија.

Никола Груевски е човекот кој ги задолжи граѓаните, нивните деца и внуци.

Заврши времето на Никола Груевски. Завршува времето на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Последни вести