fbpx

Граѓаните имаат право на чиста животна средина и чист воздух

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Граѓаните во Македонија со месеци континуирано дишат воздух полн со канцерогени ПМ10 честички, опасен по нивното здравје.

Според официјалните податоци од мерните станици, само минатата година граѓаните се гушат од загаден воздух.

• Во текот на целата 2015 година, од 365 дена во годината воздухот во Тетово бил загаден дури 365 дена. Немало ден во Тетово граѓаните да дишат чист воздух!
• Жителите на Центар во 2015 година дишеле 266 дена екстремно загаден воздух, од 365 дена во годината.
• Жителите на Лисиче во 2015 година дишеле 325 дена екстремно загаден воздух од 365 дена во годината.
• Граѓаните на Битола во 2015 година дишеле 276 дена екстремно загаден воздух.
Колку треба граѓаните да платат за да дишат чист воздух? До кога граѓаните ќе плаќаат и со своето здравје?

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ потрошија 630 милиони евра за споменици, а граѓаните на Македонија дишат загаден воздух полн со опасни, канцерогени честички.

Само дел од овие 630 милиони евра можеа да се инвестираат во животната средина и целосно да се реши проблемот со загадувањето на воздухот.

Криминалните политики на Никола Груевски им одземаа 10 години живот на граѓаните.

Власта во заминување е одговорна за загадувањето на животната средина и за нарушеното здравје на граѓаните.

СДСМ знае како да ги промени состојбите со огромна загаденост на воздухот и животната средина. Кога СДСМ ќе ја преземе одговорноста граѓаните ќе дишат чист воздух.

Скопје, 16.02.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести