fbpx

Груевски ги сотре домашните фирми со срамни 120 денари државна помош

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Никола Груевски и власта на ВМРО-ДПМНЕ 10 години им даваа на домашните претпријатија срамни 120 денари државна помош, годишно!

Затоа 10 години ниту една домашна компанија не инвестираше во технолошко- индустриска развојна зона.

Додека Груевски, кумот Ставрески и Пешевски – дил ориентед им даваа на домашните претпријатија по 120 денари државна помош, ги казнуваа и затвораа, милиони евра во XXXXX… суми, пари на граѓаните легнуваа на сметките на виртуелни инвестиции.

21.454 евра го плаќаат граѓаните секое работно место во виртуелните странски инвестиции во ТИРЗ зоните.

Овие виртуелни странски инвеститори, заминуваат откако ќе ги искористат парите на граѓаните и поволностите.

Дури и зад себе оставаат милионски долгови, што исто така треба да ги платат граѓаните на Република Македонија.

По 10 години дил ориентед тендер политики за криминално-корупциски цели, на Никола Груевски му требаше да си поднесе оставка, за да ја прочита подобро Програмата на СДСМ и да украде уште некоја идеја.

Затоа Груевски сега се обидува да им се додвори на домашните претпријатија.

10.000 домашни фирми се затворени.

Секоја трета фирма е со блокирана сметка.

А по странски инвестиции сме последни во регионот.

Замина турската компанија Улак Амбалаж, 50 вработени остави на улица.

Замина индиската компанија Индо минерали и метали, 1.000 рудари останаа на улица.

Заминаа Џонсонс Контрол, Керфур…

Но замина и Груевски. А ќе замине и ВМРО-ДПМНЕ.

Новата одговорна власт што ќе добие чест да ја води СДСМ ќе ја зголеми државната помош за домашните претпријатија до 50 милиони евра.

Ќе создадеме еднакви услови за домашните и странските инвеститори и ќе ја вратиме економската стабилност на граѓаните, семејствата и државата.

 

Скопје, 18.02.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести