Соопштение за јавност
Граѓаните во континуитет дишат загаден воздух полн со канцерогени честички, штетен по нивното здрaвје.
Никола Груевски, Никола Тодоров и ВМРО-ДПМНЕ се најголемите уништувачи на здравствениот систем во Македонија.
Ниту една мерка за намалување на загадувањето на воздухот не е преземена.
Според истражувањето на Numbeo, најголемата светска датабаза на податоци за градовите и земјите ширум светот, Македонија е на второ место според моменталната состојба на загаден воздух во Европа.
Но, за Никола Груевски здравјето на граѓаните не е важно, за него се важни само тендeрите и провизиите од споменици тешки 630 милиони евра.
Со 630 милиони евра за споменици ќе се решеа сите проблеми во здравството и во здрава животна средина.
Корупцијата и криминалот на власта во заминување е на директна штета на здравјето на граѓаните.
За жал, цената за хаосот во здравството секојдневно ја плаќаат граѓаните.
Кога СДСМ ќе ја превземе одговорноста, ќе го сопре криминалот и корупцијата, парите ќе ги врати кон граѓаните и ќе обезбеди чиста и здрава животна средина. По промените, граѓаните во Македонија, конечно, после долги години повторно ќе дишат чист воздух.
Скопје, 17.02.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА