Филипче: Мерките на Мицкоски се задоцнети и недоволни, сè е поскапено

Facebook
Twitter
LinkedIn

Одговор на новинарско прашање на претседателот на СДСМ, Венко Филипче

Мерките се задоцнети, недоволни и нема да имаат апсолутно никаков ефект, поради тоа што спиралата на покачување на цените, веќе започна. Кога ние предупредувавме, дека треба да се воведат навремено, како што тоа го направија многу земји во регионот, власта беше без слух, едноставно не нѐ послуша и затоа е оваа ситуација.

Кризата ќе станува се потешка, граѓаните се повеќе ќе ја чувствуваат на својот грбот. За жал, власта е тотално неодговорна и заинтересирана само за себе и своите бизниси.