Соопштение за јавност
Дака е по мерка на Николовски и ВМРО –ОКГ, руски човек на црна листа на САД го одбрале и го ставиле во Планот за енергетика за 2026 година, како бизис партнер.
Додека граѓаните се борат со скапотија и криза, ВМРО-OКГ и министерот Николовски велат: „Исполнети се сите услови“ за фирмата поврзана со Дака Давидовиќ да гради фотоволтаици во државниот енергетски план за 2026 година.
Давидовиќ Дака – човекот санкциониран од САД поради перење пари за криминални групи, шверц на цигари, нафта и оружје, и поради промовирање на руско влијание на Балканот.
Одлична препорака за влада на Мицкоски.
Ова е „новото“ ВМРО – отворена за санкционирани руски луѓе, но затворена за европски стандарди и интерес на граѓаните.
Од вистината не се бега. Колку и да лажете, да вртите и да измислувате – фактите остануваат.
Народот сè гледа и слуша. Вашите манипулации веќе не поминуваат.
Наскоро сите ќе одговарате!



