Ист авторитарен модел, контрола на медиуми, лажни афери и манипулации: Орбан – Јанша – Вучиќ – Мицкоски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка и членка на Извршнит одбор

СДСМ алармира – истата мрежа на медиумска контрола, црни кампањи и политичка манипулација која со години ја одржува ВМРО-ОКГ, се злоупотребува во Унгарија, Србија, Словенија.

Сега е директно вклучена и во најновиот скандал со лажни вести за „експлозиви во Кањижа“.

Според истражувачките извештаи на OCCRP, BIRN, и други, унгарскиот бизнисмен Петер Шац, близок до Орбан, и неговите компании (CHS Invest, Target Media Group и други) контролираат 40% од медиумскиот простор во Македонија.

Сите целосно ставени во служба на ВМРО-ОКГ и нивните бизнис интереси.

Истата мрежа, преку истиот Шац, контролираа и медиуми во Словенија кои директно ја поддржуваат партијата на Јанез Јанша (SDS).

Денес, унгарските медиуми блиски до Орбан шират приказна за „руско сценарио“ и „напад врз унгарскиот суверенитет“ со наводни експлозиви во Србија.

Оваа приказна доаѓа токму во финалето на изборната кампања во Унгарија и се толкува како дел од лажна операција (false-flag) за создавање паника и евентуално одлагање на изборите.

Во неа е директно вклучен и Александар Вучиќ со својата СНС – сестринска партија на ВМРО-ОКГ во регионот.

Ова е истата шема која ја гледаме со години во Македонија: лажни афери, пласирање на страв, анти-ЕУ пропаганда и напади на СДСМ преку медиумите кои ги контролираат луѓето на Орбан, како да се одржи ВМРО-ОКГ на власт, покрај катастрофалната политика.

Во Словенија: истите медиуми (Nova24TV) и истиот Шац, плус ангажирање на израелски фирми за приватно разузнавачко делување (како Black Cube) за снимање и ширење на лажни скандали против противниците на Јанша.

Во Унгарија: Орбан директно ја користи оваа мрежа за домашна пропаганда и за извоз на својата идеологија.

Во Србија: Вучиќ и СНС се дел од истата „авторитарна оска“ која ги користи истите методи – контрола на медиуми, лажни вести и создавање на непријатели за да се задржи моќта.

Орбан – Јанша – Вучиќ – Мицкоски не се случајни сојузници.

Тие користат ист принцип на владеење – купување или контрола на медиуми преку прокси компании, пласирање на лажни вести и афери, создавање на атмосфера на страв и непријателство кон ЕУ и демократијата, за да ја одржат својата власт на сметка на граѓаните.

На граѓаните на Македонија ова сега им е многу појасно.

СДСМ бара:

Истрага од АВМУ за финансирањето и уредувачката политика на медиумите поврзани со мрежата на Орбан во Македонија.

Европските институции да го испитаат ова прекугранично мешање во внатрешните работи на земјите од Западен Балкан.

Прекинување на странското влијание врз нашиот информативен простор.

Македонија заслужува слободни медиуми и демократска влада која работи за граѓаните, а не за странски авторитарни центри на моќ.

Време е да се стави крај на овој модел на манипулации.

Затоа СДСМ сака европска Македонија!