Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во гостување на Ора24.тв порача дека власта свесно шири лаги за наводна загрозеност на македонскиот идентитет, само за да ја држи државата надвор од Европа, без контрола врз криминалот и корупцијата.
„Тоа што треба да се направи не е никаков ризик ниту по националниот идентитет, ниту пак по јазикот. Тоа се лаги на ВМРО ДПМНЕ и на Христијан Мицковски. Да може тука да владеат, да тераат партиски тендер и да нема европска контрола. Тоа е суштината“, порача Филипче.
Уставните измени не се никаков ризик, ниту по македонскиот идентитет, ниту по јазикот. Напротив, ако не се направат, ние ризикуваме државата, дали ќе опстане во следните пет или десет години, додаде Филипче.
Претседателот Филипче нагласи дека внесувањето на малцинствата во Уставот не претставува никаква опасност за македонскиот народ, јазик и идентитет.
„Една работа е ставањето на малцинствата во Уставот, а тука не се само Бугарите, туку се и Хрватите и така натаму. Кој што чекор и по нивно кажување, никако не ги загрозува ниту јазикот, ниту идентитетот македонски. Како ставањето на малцинства во Уставот го загрозува нашиот идентитет? Никако. Напротив, добро е. Се прави јасна дистинкција помеѓу македонскиот и бугарскиот народ. Значи, паѓа во вода повеќе децениската теза, две држави, еден народ. Јасна дистинкција правиме“. рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.


