Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во гостување на Ора24.тв рече дека актуелната власт ги повторува истите политики и практики од режимот на ВМРО-ДПМНЕ од минатото, со сериозни последици по државата и граѓаните.
„Ништо поинаку сега не се случува. Контрола на медиуми, контрола на судството, брутална партизација на државата и изолација од Европа. Тоа беше од 2006 до 2016. Сега е исто.“, истакна Филипче.
Оваа власт е ненародна и оваа власт мора да си оди, додаде Филипче.
„Затоа што не е ова веќе прашање само на власт или опозиција. Ова е прашање на опстанок на државата. Затоа што, што ќе се случи кога утре Црна Гора и Албанија ќе влезат во Европската Унија Што ќе се случи? Како граѓаните ќе реагираат кога тие земји коишто биле толку позади нас и во реформите и во сѐ, станат земји членки на ЕУ? А договорот за членство на Црна Гора веќе се пишува? Гледаме како Албанија ги затвора поглавјата. Што ќе правиме ние? Дали ќе останеме слепо црево на балконот контролирано од Русија преку прокси рускиот играч премиерот Христијан Мицкоски?“ рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.



