Соопштение за јавност
За да го покријат скандалот дека целиот Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ бил вклучен во злосторничко здружување, власта во заминување, преку медиумските курири, мора да измислува нови напади со стари манипулации.
Ниту има скандал ниту има случај. Текстовите на медиумските курири поврзани со заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска се чиста лага!
Документот во прилог, од Основното јавно обвинителство Скопје, потврдува дека овој измислен, креиран случај на ВМРО-ДПМНЕ издиша како дупнат балон уште во 2014 година!
„Не постои основано сомнение дека било извршено кривично дело“, јасно наведува Основното јавно обинителство после целосни увиди на Упрвата за финансиска полиција.
Толку за лагите на медиумските курири.
Никола Груевски четврти ден одбегнува да одговори каква е неговата улога во злосторничкото здружување.
Додека Груевски бега, медиумските курири продолжуваат секојдневно ги бранат неговите криминални активности преку нарачани текстови.
Тоа е уште една потврда дека корупцијата и криминалот на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ 10 години се крие од граѓаните со помош на медиумскиот мрак. Затоа 20 милиони евра, пари на граѓаните завршиле во провладините медиуми, за само три години.
Ова е уште еден доказ зошто е потребна слобода на медиумите, зошто е неопходна регулација на медиумскиот простор во интерес на граѓаните.
Скопје, 15.02.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА