fbpx

Фамилијарно-тендерските политики на Никола Груевски поважни од здравјето на граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Граѓаните во Македонија со месеци дишат загаден воздух, полн со канцерогени ПМ10 честички кој е штетен по нивното здравје.

Податоците од мерните станици покажуваат загадување на воздухот и во вечерните и во утринските часови.

Според последните податоци, загадувањето на воздухот во Скопје изнесува речиси 5 пати над дозволената граница, во Битола 7 пати, додека воздухот во Кичево, Кавадарци и Тетово содржи 4 пати повеќе ПМ10 канцерогени честички од дозволеното.

Со години ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо за намалување на загаденоста на воздухот, додека медиумските курири го кријат овој сериозен проблем штитејќи ги криминалните фамилијарно-тендерски политики на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ потрошија 630 милиони евра за споменици, а граѓаните на Македонија дишат загаден воздух полн со опасни, канцерогени честички.

Само дел од овие 630 милиони евра можеа да се инвестираат во животната средина и целосно да се реши проблемот со загадувањето на воздухот.

Криминалните политики на Никола Груевски им одземаа 10 години живот на граѓаните.

Кога СДСМ ќе ја превземе одговорноста, ќе го сопре криминалот и корупцијата, парите ќе ги врати кон граѓаните и ќе обезбеди чиста и здрава животна средина. По промените, граѓаните во Македонија, конечно, после долги години повторно ќе дишат чист воздух.

Скопје, 14.02.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести