fbpx

Манчевски во Горно и Долно Јаболчиште: Заедно се бориме против малата криминална банда којашто ја запусти Македонија

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Денеска, потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски беше помеѓу граѓаните на општина Чашка.

Во Горно Јаболчиште, на сред село, Манчевски беше пречекан од голем број жители.

Груевски и Ахмети ни на карта не знаат каде се наоѓа селово, за нив ние не постоиме, рече еден од жителите во Горно Јаболчиште.

Груевски со денови молчи каква е неговата улога во злосторничкото здружение. Зошто молчи? Груевски мора да излезе пред граѓаните и да одговори. ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ сакаат во Македонија да организираат уште едни криминални избори. Само на такви избори можат да победат ама СДСМ нема дозволи уште едни криминални избори. За криминалот ќе одговараат а парите ќе ги вратат, рече Манчевски.

Македонија се луѓето кои живеат во државата. Државата мора да им даде исти шанси на сите. Сиромаштијата не знае за вера и нација, рече Манчевски.

Спасете ја Македонија, останавме земја без народ. Ние младите шансата ја гледаме во вас, рекоа младите на средбата со Манчевски.

Се бориме против една мала криминална банда којашто ја запусти Македонија. Со заеднички сили мораме да се избориме против најголемото зло со коешто се соочува нашата земја. Одговорноста е голема, уште поголема ќе биде гордоста на сите нас, и Македонци, и Албанци и Турци, и Роми…сите, заедно ќе ја победиме оваа криминална банда, истакна Манчевски.

Откако СДСМ ќе ја преземе одговорноста да ја води државата, ќе го победи криминалот и парите ќе ги врати кон граѓаните. По промените, новата Влада ќе инвестира во нови работни места а не во споменици. Ќе ја зголемиме социјалната помош и ќе им дадеме шанса на граѓаните да започнат свој бизнис. Со мерките во програмата, ќе се создадат услови за отворање на нови работни места, потенцираше Манчевски во Долно Јаболчиште.

Потпретседателот Манчевски во Горно и Долно Јаболчиште беше придружуван од членовите на Извршниот одбор на СДСМ, Едмонд Адеми и Аднан Џаферовски.

 

 

Последни вести