Соопштение за јавност
Поразот на орбан и историската победа на Тиса и Петер Маѓар во Унгарија носи крај на долгогодишен срам за Македонија.
Никола Груевски, осудениот бегалец и симбол на корупција и злоупотреба на власта, повеќе нема заштитник во Будимпешта.
Години наназад уживаше гостопримство од Виктор Орбан, кој го штитеше од правдата.
Со падот Орбан, Груевски ќе мора да избере дали ќе побегне во Русија или новата унгарска влада ќе го испорача на Македонија за да ја отслужи казната.
А што ќе биде сега со Христијан Мицкоски?
Неговиот шеф во Будимпешта остана без заштитник, а ВМРО остана без клучниот сојузник.
Груевски мора да се врати и да одговара.
Идниот премиер на Унгарија, Маѓар, јавно соопшти став дека е подготвен да ги испорача сите бегалци од правдата.
Бидејќи ЗНАМ веќе му честитше, Филков од ЗНАМ да не чека, уште утре да побара екстрадиција на Груевски.
Правдата, колку и да доцни, на крајот мора да стигне.
Груевски и Мицкоски останаа без Орбан сега доаѓа време за одговорност!
Време е за Европа. Време е за правда.


