Соопштение за јавност
СДСМ ја поздравува јасната и недвосмислена порака на Петер Маѓар од денешната прес-конференција.
Новата унгарска власт повеќе нема да обезбедува засолниште за луѓето кои бегаат од правдата.
Маѓар експлицитно наведе дека Унгарија ќе ги испорача оние кои се кријат на нејзина територија и директно го означи Никола Груевски како криминалец.
Груевски, кој во 2018 година побегна од правдата и со години се криеше под заштита на Виктор Орбан.
Ова е конечен крај на ерата во која Будимпешта беше безбедно засолниште за осудени корумпирани функционери.
Правдата не познава рок на траење. Судските пресуди мора да се извршат.
Организирана криминална група ВМРО и Христијан Мицкоски со години го бранеа и штитеа својот шеф Груевски.
Сега дојде моментот правдата конечно да биде задоволена и Груевски да ја отслужи изречената казна во Македонија.
Граѓаните долго го чекаа овој момент.
Доаѓа време на правда и одговорност!



