Идниот премиер на Унгарија најавува длабоки реформи на медиумите кои беа под контрола на Орбан

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Идната влада на Тиса, предводена од Петер Маѓар, најави длабока реформа на медиумите и враќање на Унгарија на европскиот пат.

Македонија е веќе во медиумски мрак поради медиумите на Орбан кои контролираат 40% од медиумскиот простор, со кои директно управува криминалната организација ВМРО.

Лажни вести, измислени афери, деноноќни црни кампањи против СДСМ и јавен лнч врз претседателот Венко Филипче станаа секојдневна реалност во Македонија.

Од нашата прва најава дека Орбан ќе падне, кога граѓаните почнаа да сфаќаат дека истите тие медиуми секојдневно ги обмануваат, а ВМРО со својот дефокус ги одвлекува вниманието од клучните теми – следеа жестоки црни кампањи против СДСМ.

Поради најава за историските промени во Унгарија, ВМРО панично ја засили кампањата против СДСМ и Венко Филипче: најпрво преку своите медиуми и таканаречени новинари (соработници на странски служби), потоа преку поединци од СДСМ (некои уценети, некои купени), а потоа и преку безброј измислени афери како „д-р Жан“, спинување со „Дака“ – човекот од американската црна листа со руски врски, па преку лажни приказни за Дубаи, Африка, Сен Мориц и други измислици.

Со голема надеж очекуваме дека оваа промена во Унгарија ќе донесе нормализација на односите со ЕУ, почитување на владеењето на правото и конструктивна соработка во регионот.

Се надеваме дека медиумите ќе се ослободат од политичка контрола и дека најпосле и кај нас ќе дојде до слободно, релевантно и објективно известување.

Време е за Европа и демократија!