Соопштение за јавност
Политиката на СДСМ е вистинска патриотска и проевропска политика, политика на враќање на власта во рацете на народот и граѓаните на Македонија.
ВМРО-ОКГ со години се обидува да наметне лажна теза: секој што ја критикува нивната корупција, перење пари, врските со режимите на Орбан и Вучиќ и злоупотребата на државните институции е „антидржавен“.
Тоа е нивна стара тактика, поддржана од мрежата на медиумите на Орбан во Македонија, со која се обидуваат да ги сокријат сопствените злодела и секоја критика да ја претстават како напад врз државата.
Не, ова не е антидржавна политика.
ВМРО не е држава, ВМРО е само банда!
Анти-ВМРО не значи анти-Македонија.
Анти-криминал не значи анти-татковина.
Анти-корупција не е анти-патриотизам.
Напротив – борбата против оваа организирана криминална група е борба за силна, суверена и европска Македонија.
Тоа е политиката на СДСМ: политика која има за цел да ја врати власта, од рацете на криминалната организација, назад во рацете на граѓаните!
Додека Мицкоски ги контролира обвинителството и судството и ја користи за закани кон опозицијата, ние ќе продолжиме да се бориме за правда.
Наскоро, кога ќе се покренат сите процеси на европско ниво, сите ќе одговарате. И тоа не по „чувство“ на премиерот, туку според докази и пред независни институции.
СДСМ останува доследен во борбата за демократска и европска Македонија, во која никој нема да биде над законот, власта ќе им припаѓа на граѓаните, а не на криминалната организација.
Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!
