Соопштение за јавност
Дали и Ивона Талевска, како и Христијан Мицкоски, „има чувство“ што се наоѓа во кривичната пријава пред да ја прими Обвинителството?
Како тврди дека не се доставени докази? Дали однапред знае дека Обвинителството ќе ја отфрли пријавата?
Дали и таа преку медиуми им задава задачи на обвинителите?
Дали ова е истиот случај кога портпаролката на Владата, Митева, во емисија јавно му кажува на Андреј Жерновски дека знае оти предметот е отфрлен, бидејќи има информации, исто како што премиерот однапред „чувствува“ кој ќе биде гонет?
Дали и таа, како и Мицкоски, однапред ги знае одлуките на судовите и Обвинителството?
Ова е истиот образец – однапред спремни пресуди и политички притисок врз институциите.
Второ, каква врска има тоа што СДСМ била на власт?
Судовите и Обвинителството се независни органи.
Во времето на владеењето на СДСМ, ниту една партија, ниту Владата, не се мешала во работата на правосудството.
Во тоа е суштинската разлика меѓу СДСМ и ВМРО-ОКГ.
Ние ги почитуваме независните институции, тие ги претвораат во партиско орудие.
Луѓето како сопственичката на здружението МАН, истовремено и уредничка на телевизија Алфа, Ивана Талевска, Латас и Христијан Мицкоски, очигледно не ги познаваат основите на демократијата и владеењето на правото.
Дури и сега, ако сака да ѝ се обрати на јавноста, може да го стори тоа како уредничка на ТВ Алфа, а не да се крие зад здружение.
За нив, правосудството е само инструмент за пресметка со политичките противници.
Заради ваквото однесување и систематското уривање на демократските стандарди, СДСМ инсистира на итно враќање на Македонија на европскиот пат – патот на слободна, демократска и правна држава во која никој не е над законот.
Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!


