fbpx

Манчевски во Битола: Парите што ги изнесоа во Белизе ќе ги вратат до последен денар

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, заедно со членот на Извршниот одбор на СДСМ, Пеце Мирчевски и претседателот на Комисијата за здравство, Гоце Чакравоски, денеска се помеѓу граѓаните на Битола.

Парите што Груевски ги украде мора да ги врати, тие се наши пари, заработени со наша пот, порачаa граѓаните во разговорот со потпретседателот Манчевски.

-Македонија 10 години е назад поради криминалното владеење на Никола Груевски и фамилијата. Потрошија над 630 милиони евра на споменици, панорамски тркала, мермер и бронза во Скопје. Парите што ги изнесоа во Белизе ќе ги вратат, до последен денар. За криминалот, секој што го прекршил законот ќе одговара, рече Манчевски.

Битолчани ги споделуваа проблемите со коишто секојдневно се соочуваат. Пазарџиите на пазарот во Битола директно чувствуваат дека граѓаните немаат пари. Нема промет, граѓаните купуваат се помалку и помалку.

-Живееме тешко, многу сограѓани живеат во мизерија, нема работа, се чувствува тоа. Граѓаните почнаа да купуваат по 200 грама ориз и грав, толку имаат пари, толку купуваат, се пожалија пазарџиите во Битола.

-Ова што вие го кажувате е вистинската слика за Македонија, не лагите и измислиците на режимските медиуми на Никола Груевски. Поради криминалните политики на Груевски и фамилијата Македонија е во друштво на најбедните земји во светот, рече Манчевски.

Битолчани истакнаа дека Битола од ден на ден со ВМРО-ДПМНЕ пропаѓа, градот е празен, пола од дуќаните се затворени, младите масовно си заминуваат да работат во странство поради безработицата.

-Потребни се промени што ќе ги задржат младите тука. Државата мора да дава а не да зема, затоа воведуваме програма Гаранција за млади што обезбедува понуда за вработување, можност за вработување на младите, како и тренинг за млади. Се бориме за иднина на младите тука, во својата земја. СДСМ ќе води активна политика за поттикнување на инвестициите на домашните мали и средни претпријатија, рече Манчевски.

 

 

Последни вести