Граѓаните очекуваат дека ќе се врати довербата во правосудниот систем

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Независната институција Специјално јавно обвинителство работи согласно законите во Република Македонија.

Специјалното јавно обвинителство е формирано како резултат на Договорот од Пржино, којшто беше потпишан од четирите партии, и избрано со огромно мнозинство во Собранието на Република Македонија.

Граѓаните очекуваат дека ќе се врати довербата во правосудниот систем во Република Македонија. Секој оној којшто ги прекршил Уставот и законите во Македонија мора да понесе одговорност.

 

Скопје, 12.02.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА