fbpx

Нова црна етикета за Македонија: Граѓаните живеат во режимска несигурност

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Граѓаните на Македонија живеат во режимска несигурност.

Овој податок за Македонија произлегува од последното истражување на светски познатиот институт Като за 2015 година.

Во анализата стои дека граѓаните во земји со индекс на мизерија повисок од 20 живеат во режимска несигурност.

Македонија има индекс на мизерија 29,2!

Македонија е 5-та земја во Европа по беда и мизерија!

Македонија е 13-та во светот по мизерија!

Македонија е во групата најбедни држави во светот заедно со Украина, Венецуела, Молдавија, Уругвај, токму како резултат на режимските политики на Груевски и неговата власт.

Ставрески и Пешевски како главни промотори на промашените економски политики не собраа храброст да одговорат зошто дозволија Македонија да биде 5-та во Европа по беда и мизерија.

Вистината за режимот на Никола Груевски граѓаните ја дознаа преку проектот Вистината за Македонија.

Вистината за режимските медиуми деновите ја гледаат граѓаните на Македонија токму на телевизиите под режимска контрола.

Тие лажат и конструираат виртуелна реалност за Македонија.

Но и светот веќе ги препознава бедата и сиромаштијата во нашата држава.

Над 180.000 граѓани живеат со по 40 денари на ден, над 500.000 граѓани живеат на раб на сиромаштија, 626.312 илјади граѓани се иселиле од државава по егзистенција.

Дојде крајот на Никола Груевски. Доаѓа крајот на криминално-корупциската власт на ВМРО-ДПМНЕ.

Доаѓа и одговорна власт што на фер и демократски избори ќе добие чест да ја води СДСМ.

Парите ќе ги вратиме кон граѓаните.

Сите кои со противзаконското работење изминатите 10 години придонесоа за бедата, мизеријата и режимската несигурност во Македонија ќе одговараат.

Скопје, 12.02.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести