fbpx

Игнорирањето на проблемот со загадувањето е штетен по здравјето на граѓание

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат со игнорирање на проблемот со загадувањето додека граѓаните на Македонија со месеци дишат воздух полн со канцерогени ПМ10 честички.

Податоците од мерните станици покажуваат дека загадувањето на воздухот во Скопје, Кочани и Кавадарци е 2 пати над дозволеното, додека во Битола, Кичево, Тетово и Велес изнесува 3 пати над дозволената граница.

Фамилијарно-тендерските политики на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ го загрозуваат здравјето на граѓаните.

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ потрошија 630 милиони евра за споменици, а половина година граѓаните на Скопје дишат загаден воздух полн со опасни, канцерогени честички.

Наместо за полнење на џебовите на фамилијата, парите можеше да се инвестираат во заштита на животната средина за граѓаните на Македонија да не дишат загаден воздух.

Кога СДСМ ќе ја превземе одговорноста, ќе го сопре криминалот и корупцијата, парите ќе ги врати кон граѓаните и ќе обезбеди чиста и здрава животна средина.

Скопје, 12.02.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести