Филипче: СДСМ е конструктивна ама не е контролирана опозиција

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во гостувањето во Дневникот на Сител телевизија, истакна дека СДСМ е конструктивна, но не и контролирана опозиција, нагласувајќи дека пристапот на партијата е воден од интересите на граѓаните и државата.

„СДСМ е конструктивна, ама не е контролирана опозиција. И ние за тоа се бориме да го вратиме и да го етаблираме системот. Не со еден човек, лидер или монарх, со систем “, рече Филипче.

Филипче појасни дека суштинскиот проблем кај власта којашто не сака земјата да стане членка на ЕУ е стравот од Европското обвинителство.

„И тоа е вистината затоа што не сакаат тука да дојде европското обвинителство. Тоа не сака ВМРО-ДПМНЕ за да има контрола на трошењето на парите за да има контрола на други системи, за да има зајакнување на системот. Само брутална партизација и злоупотреба на институциите. Тоа е суштината. За да може да владеат вака без контрола, да го контролираат судството, да прават притисок врз медиумите, да ги контролираат сите институции со свои партиски кадри да нарачуваат пресуди и да најавуваат процеси на телевизија да ништо не се случува во економијата, а да врват само партиските тендери“, рече Филипче во интервјуто за Сител Телевизија.