Филипче: Систем и можности за младите, а не еден деспот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Во гостувањето во Дневникот на Сител, претседателот на СДСМ Венко Филипче порача дека државата мора да се темели на систем, институции и еднакви можности за сите граѓани, со посебен фокус на младите и нивната иднина во земјата.

Тој истакна дека суштината на политиките за кои се залага СДСМ е воспоставување функционален систем заснован на меритократија и еднаков третман, наместо пристап кој ги поткопува институциите и создава недоверба.

„Систем, можности за младите, меритократија, а недискриминација по партиска основа да знаат дека тука имаат иднина луѓето. Не да си бараат карти во еден правец и да заминуваат од државата.“, рече Филипче.

Филипче нагласи дека довербата во институциите, особено во судството може да се врати само со систем и со Европско обвинителство.

„Нема никако поинаку да се врати довербата во судството. Не со еден човек, лидер или монарх, со систем. Треба да се ослободи обвинителството од ова што го прави ВМРО-ДПМНЕ. Ова е само дел од пристапот на Владата, нема никаква грижа за граѓаните, брутална партизација и злоупотреба на институциите.“, посочи претседателот на СДСМ, Венко Филипче.