Соопштение за јавност
Во интервју за телевизија Сител, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, порача дека враќањето на довербата во правосудниот систем е можно единствено преку воведување на европски стандарди и независни институции. Филипче посочи дека само европско обвинителство ќе ја врати вербата во правдата.
„Ние ќе го донесеме европското обвинителство на кое што никој нема да може да му влијае. Гледајте како европската обвинителка до скоро како беше активна и какви случаи расчистуваше сега во регионот. И само така ќе се врати довербата во судството. Нема никако поинаку да се врати довербата во судството. Не со еден човек, лидер или монарх, со систем. И ние за тоа се бориме, да го вратиме и да го етаблираме системот. Да повеќе никој не може да го демантира како тоа се прави, само со европските институции тука кај нас“, рече Филипче.
Тој нагласи дека вистинските реформи се темелат на професионалност, меритократија и контрола на трошењето на јавните средства.
„Само со луѓе, професионалци, само со европска контрола на трошењето на парите.И целата моја енергија во изминатиот период во креирањето на политиките, во тие политики кои што ќе ги презентираме на Конгресот во јуни, за да знаат граѓаните какви политики ние нудиме и ќе спроведуваме после добиената власт на следните избори е тоа – систем. Можности за младите, меритократија, недискриминација по партиска основа, да знаат дека тука имаат иднина луѓето. Не да си бараат карти во еден правец и да заминуваат во државата поради партизација, еве тоа што е последен сегмент се партизира образованието, каков закон се носи за образованието“, рече Филипче.
Во тој контекст, во интервјуто, Филипче посочи дека вистинската причина зошто ВМРО го блокира европскиот пат не се уставните измени, туку обидот на власта да избегне контрола врз институциите, европско обвинителство.
„Не сакаат тука да дојде европското обвинителство. Тоа не сака ВМРО, да има контрола на трошењето на парите, да има контрола на други системи, да има зајакнување на системот. Само брутална партизација и злоупотреба на институциите. Тоа е суштината. Нема никаков друг ризик“, рече Филипче.


