Соопштение за јавност
Да ги прифатеше владата предлог мерките на СДСМ за справување со ценовните шокови, немаше да се случи поскапување на горивата и на храната, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во интервју за Сител. Филипче потенцираше дека поради негрижата на власта, денес граѓаните едвај врзуваат крај со крај.
„Граѓаните крај со крај не можат да врзат. Притоа, власта не ги послуша ниту ги прифатија нашите предлог мерки. Да се прифатеа нашите предлог мерки на почетокот на кризата, односно да се намалеше ДДВ-то на горивата на 5 %, на храната на 0 проценти, да се преполовеа патарините, акцизата за 4 денари да се намалеше, не само што немаше порасне цената на горивото, немаше да порасне ниту цената на храната“, рече Филипче.
Притоа, Филипче додаде дека реалната состојба на терен јасно покажува дека владините политики не даваат резултати, а граѓаните се повеќе осиромашуваат.
„Луѓето имаат сериозни проблеми со пораст на цените на сите производи поради тоа што ниту еден пакет на мерки не се донесе, значи ниту мерки кои што дадоа резултат за да се спречи почетокот на растот на сите цени коишто се зависни од енергенсите, храната, основните прехрамбени продукти пред се, а можеше да се спречи растот ако се донесоа навреме мерки “, рече Филипче.
Тој додаде дека Владата на ВМРО за во овие скоро две години покажа тотална негрижа за граѓаните.
„Ама ова не изненадува. Ова е само дел од пристапот на владата. Сите овие скоро две години, никаква грижа за граѓаните, ама апсолутно никаква“, рече Филипче.


