Соопштение за јавност
Граѓаните имаат сериозни проблеми со порастот на цените на сите производи, не можат да врзат крај со крај, а владата не презема мерки за да ги заштити, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во интервју за Сител. Филипче посочи дека реалната состојба што секојдневно ја живеат граѓаните е поинаква од таа што сака премиерот Мицкоски да ја прикаже.
„Тоа не е реалноста којашто ја живеат граѓаните, луѓето на пазарите и во маркетите не го кажуваат тоа. Луѓето имаат сериозни проблеми со порастот на цените на сите производи поради тоа што ниту еден пакет на мерки не се донесе, значи ниту мерки кои што дадоа резултат за да се спречи почетокот на растот на сите цени кои што се зависни од енергенсите, храната, основните прехрамбени продукти пред се, а можеше да се спречи растот ако се донесе навреме мерки“, рече Филипче.
Во интервјуто, Филипче посочи дека сите земји во регионот навреме преземаа директни мерки за заштита на граѓаните, додека Владата на ВМРО не понуди никаква поддршка за најранливите категории.
„Хрватска донесе пакет мерки за земјоделство, за рибари и други категории граѓани. Мислат луѓето на одредени категории граѓани, кој мисли кај нас и што владата направи на пример за пензионерите или за студентите или за семејствата со повеќе деца или за тие со минимална плата. Го одбија Законот за минимална плата. Како мислеле и што направиле, не направиле апсолутно ништо, а тоа што мафта премиерот со некои хартии, да, јас верувам дека е тоа така, ама во паралелниот свет во којшто оваа влада“, рече Филипче.
Тој додаде дека Владата на ВМРО не прифати ниту една од предлог мерките на СДСМ, кои ќе дадеа реален ефект и ќе го ублажеа ценовниот удар врз граѓаните.
„Што се случи, ДДВ-то само на горивата од 18 на 10 проценти и сега повторно се враќа за дизелот. Ниту стопанството може да има корист, ниту граѓаните кои што во најголем процент возат на дизел гориво. Ништо апсолутно ништо не направија. Ама ова не изненадува. Ова е само дел од пристапот на владата. Во овие скоро две години покажаа никаква грижа за граѓаните, ама апсолутно никаква“, рече Филипче.


