Соопштение за јавност
Беше моја желба да ги посетам полицајците овде во полициска станица Мазрача, да ги видиме условите во коишто работат, да видиме дали се соочуваат со одредени проблеми заради тоа што едно е да седите во канцеларија и да ги добивате информациите друго да дојдете и да поразговарате со нив, тоа беше моја задача според моја оценка.
Сакам и вас да ви се заблагодарам што имаме можност преку медиумите да ја пренесеме вистинската состојба.
Полицајците имаат сериозен проблем, којшто го истакнаа, во делот на начинот на сменското работење и тука ќе мораме да побараме начин заедно со Министертсвото за труд и социјална политика, да изнајдеме решение за овој проблем.
Другите проблеми се однесуваат на подобрување на условите за престој овде во полициската станица. Веднаш тоа што ќе може е Министерството за внатрешни работи да обезбеди одредени средства коишто им се потребни на полицајците. Тоа мораме да го направиме се со цел да им овозможиме подобри услови за престој и работа на полицајците во полициска станица Мазрача.
Целта на посетата е да ги согледам сите овие нивни потреби и да превземеме соодветни мерки. Целта на моето доаѓање значи оддавање признание и поддршка за тоа што полицајците го прават за чувањето на државната граница на Република Макеоднија во едни вакви тешки услови.