fbpx

Гувернерот Богов го помага барокот на Груевски со милиони земени од граѓаните!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Барокното лудило на власта на Груевски продолжува преку гувернерот Богов со нови над 35 милиони евра пари на граѓаните!

Со над 35-те милиони евра за барокната зграда на НБРМ можат да се отворат 7 фабрики во вредност од по 5 милиони евра и да се обезбедат најмалку 7.000 работни места.

Но на Народна банка и дојде до луксузна барокна зграда тешка над 35 милиони евра додека:

-Секој нов ден носи нови 3 милиони евра долг на граѓаните

-Јавнииот долг достигна историски над 4 милијарди евра

-Секое бебе во Македонија се раѓа со долг од 2.000 евра, поради ваквите нелогични и расипани политики.

Распишаниот оглас за јавната набавка на НБРМ е нов, од 2016 година.

Ова само потврдува дека криминално – корупциската власт е заинтересирана само за тендери и пред заминување гледа да зграби што може од граѓаните.

Секоја година расипничката власт на Груевски и Ставрески испумпува од Буџетот околу 400 милиони евра пари на граѓаните, за криминални зделки преку анекс договори.

Затоа во Македонија над 500.000 луѓе живеат на работ на сиромаштија.

Затоа 626.312 луѓе се иселија, главно млади, во потрага по егзистенција.

Затоа над 50 проценти од младите се невработени.

Ставаме крај на расипничките политики на Груевски и неговите соработници.

Ќе мора да им ги вратат парите на граѓаните.

Сите кои работеле противзаконски ќе одговраат.

Скопје, 08.02.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести