fbpx

Шекеринска во Радовиш: Ќе го спречиме криминалот и Македoнија ќе биде добро место за сите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска во придружба на претседателката на Комисијата за информатичко општество, Цветанка Иванова и претседателот на Комисијата за транспорт и врски Благој Бочварски денеска се помеѓу граѓаните на Општина Радовиш.

Граѓаните во Радовиш и цела источна Македонија се целосно заборавени од власта во заминување. Напуштени огништа, невработеност, низок животен стандард, казни и трошоци се само дел од проблемите за коишто се разговараше.

-Вашите реални проблеми и проблемите на граѓаните не можат да допрат до јавноста затоа што провладините медиуми, преплатени со наши пари, прикажуваат поинаква, виртуелна реалност, рече Шекеринска.

Корупцијата, криминалот, реалноста, 10 години се крие со помош на медиумскиот мрак. Затоа 20 милиони евра, пари на граѓаните завршиле во провладините медиуми, за три години, потенцираше Шекеринска.

Расипничката власт во заминување на криминален начин потроши 630 милиони евра за споменици.

-Целта на нашата Програма којашто ја работевме заедно со вас е да ги промениме работите во државата. Да обезбедиме иднина за младите дома, просечната плата да изнесува речиси 30 илјади денари, ќе ги намалиме извршителските трошоци, ќе ја укинеме радиодифузната такса и ќе ја вратиме ефтината тарифа на струјата. Кога СДСМ ќе ја преземе одговорноста криминалот ќе биде победен. Заедно со вас Македoнија ќе биде добро место за живеење, добро за сите, рече Шекеринска.

Шекеринска ја повтори позицијата на СДСМ дека без прочистен список и регулација на медиумите нема слободни, фер и демократски избори.

 

 

Последни вести