Соопштение за јавност
Техничката влада не е „ултиматум“ на СДСМ туку е гаранција дека изборите ќе бидат барем малку фер и демократски, а не повторно украдени со нивните стари методи, како што е купувањето гласови за ВМРО од страна на припадници на полицијата, злоупотреба на институциите и злоупотреба на парите на граѓаните.
Баш затоа што имаме поддршка која расте од ден на ден од народот, бидејќи ВМРО-ОКГ изгуби 150.000 гласови поради сите лаги, криминалот и корупцијата, потребна е техничка влада.
На граѓаните им е јасно што правите за да го заштитите Мицкоски и вашата криминална организација од одговорност.
Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!


