Уште една партизација на МТВ – Мицкоски си го постави пријателот за директор

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Нов удар врз слоободата на медиумите и демократијата. Христијан Мицкоски си го постави пријателот и почесен конзул на Гвинеја, Зоран Ристоски – Ѓузо за директор на МТВ.

Единствена квалификација на Ристовски е близината лично со премиерот Мицкоски. Еден конзул за енергетика – Адамовиќ, сега уште еден конзул за МТВ по шемите на Мицкоски.

Наместо националниот јавен сервис да биде еден од столбовите на демократијата и во служба на објективно информирање на граѓаните, Мицкоски гo претвори во партиски мегафон на неговата организирана криминална група.

Со ставањето во канџите на Мицкоски се заокружува целосната партизацијата и на државната МТВ.

Ова е дел од пошироката стратегија на целосна контрола врз институциите и медиумите.

Го окупираше правосудсниот систем, си постави свои судии и обвинители на кои јавно им дели задачи, МВР се користи како во времето на Груевски, нема заштита на податоците од камерите на „safe city“.

Преку Орбановата мрежа, контролира над 40% од медиумите кои се злоупотребуваат за црни кампањи, изислени афери и дефокус од реалните проблеми на граѓаните.

Сега е поклопен и националниот јавен сервис. Се вративме во времето на Никола Груевски од 2016 година.

На власта и се брза, снемува пари, следат истраги за бизнисите со Орбан во Унгарија.

Затоа сакаат да ја укинат техничката влада и кога ќе снема пари да распишат избори.