Соопштение за јавност
Граѓаните во Македонија секојдневно дишат загаден воздух, полн со канцерогени ПМ10 честички.
Податоците од мерните станици покажуваат дека загадувањето на воздухот во скопско Лисиче е 4 пати над дозволеното, Гази Баба 4 пати, Битола исто така 4 пати, а во Тетово 7 пати над дозволената граница. Во Велес концетрациите на ПМ10 честитчки е 2 пати над нормалата, а во Кичево 4 пати над дозволеното.
Со години ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо за намалување на загаденоста на воздухот.
Помеѓу 150 до 180 денови годишно граѓаните на Скопје дишат загаден воздух.
Наместо инвестиции и мерки за заштита на животната средина и здравјето на граѓаните ВМРО-ДПМНЕ објави оглас за барокна фасада од над 35 милиони евра народни пари.
Личното богатење, тендерите за споменици, криминалните зделки, мерцедесите, плацевите на Водно се она што цели 10 години Груевски, Мијалков и фамилијата најдобро го прават е на штета на граѓаните.
Криминалните политики на Никола Груевски го загрозија здравјето на граѓаните.
Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ потрошија 630 милиони евра за споменици, а половина година граѓаните на Скопје дишат загаден воздух полн со опасни, канцерогени честички.
Наместо за барок, со 35 милиони евра инвестиции можеше да се реши проблемот со загадувањето и граѓаните да дишат чист воздух.
Скопје, 09.02.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА